(ВИДЕО) Дали на повидок е нова нуклеарна закана: Испливаа снимки од ударот на рускиот дрон во куполата во Чернобил

 


Руски дрон наводно удрил во купола која била поставена над уништениот реактор на нуклеарната централа Чернобил.

Нападот наводно се случил во текот на ноќта, а на интернет се споделува видео на кое се гледа наводниот момент на ударот врз куполата.

Оваа купола е изградена пред речиси четири децении преку меѓународна соработка за да ги задржи остатоците од катастрофата во Чернобил во 1986 година. Куполата е дизајнирана да спречи истекување на радијација и да ја заштити локацијата од опасности од околината.

Според украинските власти, нападот предизвикал оштетување на куполата.

14.02.2025 - 09:51

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега