(Видео) „Топ ган“ се враќа

 

По речиси 40 години, многу очекуваното продолжение на „Топ ган“, конечно, е тука – со премиера во Велика Британија закажана за мај.

„Топ-ган: Мaверик“ ќе биде отворен во Лондон како кралски филмски перформанс, а членовите на кралското семејство, најверојатно, ќе бидат на списокот со гости.

Во филмот се гледа дека холивудската ѕвезда Том Круз уште еднаш ја чувствува потребата за брзина повторувајќи ја улогата на поморскиот авијатичар Пит Мичел речиси 36 години по оригиналот од 1986 година заедно со Том (Ајсмен) Казански (Вал Килмер). Во актерскиот тим се и Џенифер Конели, Мајлс Телер и Џон Хам.

Првично требаше да излезе во јули 2019 година. Датумот постојано беше одложуван поради пандемијата. Конечно, премиерата во Обединетото Кралство ќе се одржи на 19 мај на сè уште неодредено место.

12.04.2022 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега