ВМРО-ДПМНЕ: Со нашите политики младите ќе останат во државава

 

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на создавање нови работни места со цел младите да останат во државата. Ова го велат денеска од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста.

- Грижата на Владата за младите продолжува преку сеопфатна стратегија и оперативен план од 40 милиони евра кој ќе опфати над 16.000 граѓани. Се објави јавниот повик од Оперативниот план за вработување за 2025 година, кој се однесува на две нови мерки наменети за невработени лица кои сакаат да започнат сопствен бизнис. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, официјално се објави повикот за Мерка 1.1 и Мерката 1.2. Преку Мерката 1.1 се доделува грант од 430.500 денари (околу 7.000 евра), за граѓаните над 29 години, а преку мерката Мерката 1.2. се доделува грант до 615.000 денари (10.000 евра) за започнување сопствена дејност за лицата до 29 години. За лица со попреченост се предвидени средства до 250.000 денари над основниот грант, со цел да се создадат еднакви услови за сите заинтересирани. Двете мерки вклучуваат и целосна поддршка преку обука за претприемништво, изработка на бизнис план и шестмесечно менторство, со цел граѓаните не само да добијат финансиска поддршка, туку и знаење и насоки за успешно водење на сопствен бизнис. Преку мерките и проектите владата ја потврдува посветеноста на создавање на инклузивен пазар на трудот и зајакнување на поединецот како клучен актер во економскиот развој на земјата. Преку овие мерки се создаваат реални улови за развој, вработување, самовработување, како и развој на претприемништвото и долгорочен економски раст, велат од партијата.

10.06.2025 - 09:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега