Во април зголемени вкупните кредити и депозити
Вкупните кредити во април бележат раст од 6,8 проценти на годишно ниво, а вкупните депозити за 9,3 проценти. Зголемувањето и кај кредитите и кај депозитите се должи на зголеменото кредитирање и кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор, но поизразен е кај домаќинствата, соопшти Народна банка.
Според податоците на Народната банка, на месечно ниво вкупните кредити бележат зголемување од 1,2 проценти што се должи на повисоките кредити во двата сектора, но со поголем придонес на корпоративниот сектор, а раст има и кај депозитите од 1,3 проценти којшто се должи на зголемените депотизи кај домаќинствата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа