Серија апсења низ Македонија
Полицијата апсеше на повеќе локации на територијата на државата.
На 20.01.2025 во 16.00 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода М.С.(27) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот, против М.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 20.01.2025 во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(23) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени прашкаста материја, марихуана и семки. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 20.01.2025 во 22.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.Т.(25) од Радовиш поради сомнение дека околу 19.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа сопственост на Г.С.(77) од Радовиш. Во службениот разговор Ј.Т. го признал делото. Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.01.2025 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Љ.И. (30) од село Ваксинце, општина Липково, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
На 20.01.2025 во 20.45 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Р.(20) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.01.2025 во 20.20 часот во Скопје, на подрачјето на с.Волково, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.В.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.01.2025 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.И.(31) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.01.2025 во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Џ.С.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа