Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробилошки исправна

 

Водата за пиење во Скопје е безбедна и микробилошки исправна, соопшти денеска Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, направени од 2 јануари 2023 до 6 јануари 2023 година, сите анализирани примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

За анализа биле земени 115 примероци за физичко-хемиска и 115 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 38 мерни места во Град Скопје.

09.01.2023 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега