Воз со 150 патници излета од шините кај Кадина Река

 

Патнички воз излетал од шините во близина на железничката станица Кадина Река. Несреќата се случила утрово околу 7 часот, но за среќа, нема повредени патници, пренесува Плусинфо повикувајќи се на извори од Македонски Железници-Транспорт.

Како што дознава сајтот станува збор за патничкиот воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, а во моментот на несреќата во вагоните се возеле околу 150 патници.

– Машина и вагон испаднале од шините кај железничката станица Кадина Река, од левата страна на реката Вардар. Се работи за патничкиот воз кој утрово тргнал од Гевгелија кон Скопје. Нема повредени лица – ни изјавија од Македонски Железници-Транспорт. Од МВР се уште нема официјално известување за овој настан. 

Повеќе информации следуваат наскоро.

 

09.01.2023 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега