Вработените во ЈП „Градски паркинг“ добија К-15
Од ЈП „Градски паркинг“ информираат дека по направената анализа на финансиските резултати постигнати во последните два месеци се покрена иницијатива за исплата на регрес за годишен одмор на вработените.
-Пред се’ позитивниот и значително зголемен раст на финансиските приходи во сите сектори на претпријатието, се должи на исклучителниот и максимален вложен труд на сите вработени. По презентирањето на овој финансискиот раст пред Синдикатот, Надзорниот одбор и Управниот одбор, усогласено беше донесена одлука за исплата на регрес за годишен одмор за 2022 година во износ од по 12.000 денари, се наведува во соопштението.
Исплатата на регресот за годишен одмор е значајна поддршка во време на економска криза, со што ќе им олесни на вработените во справувањето со зголемувањето на цените за живот, велат од градското претпријатие.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа