Времето денеска: Максимална температура до 33 степени, за викенд дожд и грмежи
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени.
Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време, а само во среда и четврток ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд во планинските подрачја. За време на викендот се очекува локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа