Железничката линија Велес-Скопје е во прекин - нови детали за возот кој излета од шините кај Кадина Река
Eден вагон од патничкиот воз на релација Гевгелија – Скопје утринава околу 7 часот излизгал од шините на станицата „Кадина Река“, меѓу Велес и Скопје. При инцидентот нема повредени патници, изјавија за МИА од „ЖРСМ – Транспорт“.
– Повредени патници нема. Во моментот на инцидентот во возот имало 150 патници, кои со друг воз се префрлени во Скопје, велат од „ЖРСМ – Траснпорт“.
Сообраќајот на железничката линија Велес – Скопје во моментов е во прекин.
09.01.2023 - 10:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа