Арсовска го разреши директорот на „Градски паркинг“

 

Две недели откако го постави, скопската градоначалничка Данела Арсовска го разреши в.д. директорот на „Градски паркинг“, Филип Пасху. Од денеска неговата фотелја ќе ја преземе Бојан Христовски, поранешен вработен во Министерството за внатрешни работи.

Од пр-службата на Град Скопје велат дека Пасху бил само времено решение.

-Филип Пасху не е разрешен, беше поставен на функцијата в. д. директор како времено решение за да се запазат рокови. Тој ќе има ангажман со нова позиција во Градот. Претпријатието има нов директор, Бојан Христовски, велат од Град Скопје за СДК.МК.

Пасху беше поставен на в.д. директорската позиција на 31 декември.

13.01.2022 - 10:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега