Автобуси од цела Македонија доаѓаат на протестот во Скопје: „Да си го зачуваме семејството, да не дозволиме такви глупости да се прават“
Се прават последните подготовки за вечерниот протест на МПЦ-ОА против законот за родова еднаквост. Нешто повеќе од десет автобуси полни со граѓани од цела Македонија веќе се упатени кон главниот град за да се придружат на овој протест.
Граѓанка од Струмица во изјава за Сител ТВ вели дека на простестот оди за да си го зачувала семејството.
„Доаѓаме на протестот за да го зачуваме семејството, да не дозволиме такви глупости да се прават“, изјави струмичанката за Сител ТВ.
Протестот е најавено да започне во 18 часот.
Репортерите на „Прес24“ се веќе на терен, за да ги пренесуваме најновите вести и информации на протестот во текот на вечерта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа