Битиќи: Законот за нефер трговски практики ќе го реши проблемот со поскапувањето на производите

 


Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи очекува пратениците во Собранието што поскоро да го изгласаат Законот за нефер трговски практики, затоа што смета дека само на тој начин може да се реши проблемот со евентуално зголемување на цените на производите кои не се пазарни.

Оценува дека искуствата во другите земји укажуваат дека Комисијата за заштита од конкуренција е поагилна и не остава простор да се зголемуваат цените на организиран начин, надвор од тоа што е логично поскапување.

Во нашето општество не можеме да најдеме консензус што е исправно – кога ја носевме мерката за гарантирана цена бевме критикувани затоа што била спротивна на пазарната економија, сега сме критикувани од истите дека требала да се задржи. Законот за нефер трговски практики е одличен закон, усогласен со ЕУ директивите – тоа е решението, истакна Битиќи.

 

Според вицепремиерот, сите берзи се намалени и реално нема потреба од зголемување на цените на производите. Бара поголем општествен консензус затоа што, како што вели, консензусот се наоѓа каде што лежи законот, а тоа е во Собранието.

05.03.2024 - 11:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега