Челзи нуди рекордни 175 милиони евра за Халанд

 

Европскиот првак Челзи настојува веќе ова лето да се засили со норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд и подготвен е на Борусија Дортмунд да и плати 175 милиони евра, што би било рекордна отштета во историјата на англискиот фудбал.

Откупната клаузула за 20-годишниот Халанд идното лето би била за 100 милиони евра пониска, но Челзи сака да го искористи моментот кога ниту еден друг клуб не е подготвен да ја плати бараната сума и на тој начин да избегне конкуренти, кои би се појавиле на трансфер пазарот во лето 2022 година.

Британските медиуми јавија дека раководството на Челзи веќе остварило контакт со менаџерот на норвешкиот репрезентативец, Мино Рајола, и оти висината на платата на Халанд нема да е никаква пречка за реализација на трансферот.

Халанд дојде во Борусија Дортмунд во јануари лани за 20 милиони евра од австриски Салцбург и на 59 натпревари постигна 57 голови.

Борусија ова лето веќе договори трансфер на својот играч Џејдон Санчо во Манчестер јунајтед за 85 милиони евра.

08.07.2021 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега