ЦУК: Не се случила сообраќајка на патот Велес-Скопје, институциите пратиле грешни информации
Не се случила сообраќајна несреќа на патот Велес-Скопје, ниту е во прекин сообраќајот, информираат од Центарот за управување за кризи. Согласно нивните тврдења, ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта испрати грешни податоци.
„Поради технички причини од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека патниот правец Велес -Скопје не е во прекин и немало сообраќајна незгода. Информацијата од нивна страна по грешка е пуштена за настанот кој се случил на 26.06.2023 година“, стои во соопштението на ЦУК.
29.06.2023 - 18:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа