Дојави за бомби во 12 училишта и неколку трговски центри во Скопје
Дојави за поставени бомби попладнево се пристигнати на електронските адреси на 12 средни училишта, неколку трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар.
- Денеска (08.02.2023) околу 13.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 12 средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол е упатена закана за поставена експлозивна направа, информира Министерството за внатрешни работи.
Веднаш по добиените пријави, преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.
08.02.2023 - 14:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа