Драма пред руската амбасада во Прага: Сакал да се замозапали, го спречила полицијата

Чешката полиција спречила чин на самозапалување пред руската амбасада во Прага, објави порталот novinky.cz.

Според информациите, непознат маж се полил со запалива материја врз себе и држејќи запалка во раката се заканил дека ќе се самозапали. Полициските преговарачи кои пристигнале на местото на настанот успеале да го убедат да не го прави тоа.
Не беа дадени други детали.
Руската амбасада се уште не го коментираше инцидентот.

03.01.2024 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега