Драматични снимки од Аргентина: Пожарникари и спасувачи се обидуваат да извлечат луѓе од зграда што гори

Огромен пожар избувна нешто пред 12 часот по локално време во повеќекатница во центарот на аргентинската престолнина Буенос Аирес. Пожарникарите прават се за да ги спасат луѓето кои се наоѓаат на повисоките катови од запалената зграда, пренесува инфобае.ком.

Пожарот избувнал во стопанска и станбена зграда до седиштето на Министерството за труд на Аргентина. Специјалната Федерална спасувачка бригада и градските пожарникари се на терен и се обидуваат да го изгаснат силниот пламен.

Додека луѓето од долните катови се евакуирани, пожарникарите се уште работат на спасување на оние од горните катови. Локалните медиуми јавија дека најмалку 12 лица се наоѓаат на терасата и во задниот дел на зградата.

На местото на настанот се испратени повеќе од 15 возила на брза помош, а болниците во околината се ставени на подготвеност.

12.12.2023 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега