(ФОТО) Три клупи завршија во езерцето, а тоалетна кабина превртена - хаос во Скопје

 
 
ЈП „Паркови и зеленило“ Скопје објавија фотографии на социјалните мрежи прикажувајќи ја сликата која ја затекнале денеска од сите лица кои се рекреирале овој викенд.
Сликата е застрашувачка. Надлежните објавија фотографии на кои се гледа како три клупи завршиле во езерцето, а тоалетна кабина е превртена.
 
„Вандализам во Градски парк“, велат од ЈП „Паркови и зеленило“ на социјалната мрежа Фејзбук.
„Изминатиот сончев викенд ја зголеми посетеноста во Градскиот парк што придонесе нашите екипи да соберат еден полн камион со отпадоци кои посетителите ги оставија зад себе.
Како ова да не беше доволно, утрово наидовме на три фрлени клупи во езерцето во Првиот дел на паркот по што веднаш ги извадивме , додека во Вториот дел затекнавме превртена мобилна тоалетна кабина“, потенцираат надлежните во постот.
 
Оттаму упатија апел до сите граѓани да не фрлаат ѓубре и совесно да ги користат и чуваат парковските елементи при посета на парковите и да се грижат за природата која е од огромно значење за сите нас.
 

17.01.2022 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега