ФОТО: Ветрот откорна кров од зграда во Аеродром

 

Кров од зграда во Мичурин одлета по силниот ветер кој го зафати Скопје. Интервенираше и скопската Противпожарна бригада. Лимот од покривот, според првичните информации, не повредил никого, иако паднал на пешачката патека на улицата „Симеон Кавракиров“, близу контејери.

Жители на Мичурин, велат дека кровот не е среден повеќе од 20 години, а од него претходно паѓале и греди. Според станари, кровната конструкција не е санирана бидејќи општина Аеродром не дозволува реконструкција, а со објаснување дека зградата не е легализирана. На местото има и полициски службеници, додека пожарникарите проверуваат дали има опасност и остатокот од кровот да се откачи при нов ветер.

Ова не е првпат да има ваков инцидент. Минатите години, при невреме, се откачуваа и кровови од згради во Карпош 4, кои го блокираа целиот булевар „Паризански одреди“.

МАКФАКС
 
02.04.2022 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега