Граѓаните што живеат во Општина Шуто Оризари најмногу избегнуваат да плаќаат за потрошената вода за пиење, а за тоа говорат податоците добиени од ЈП „Водовод и канализација“, според кои наплатата изнесува само околу 30 отсто. Недоволна наплата за искористената услуга што ја нуди ова јавно претпријатие има и во општините Сарај и Студеничани каде што изнесува околу 37 отсто. Од друга страна, пак, според податоците, аеродромци редовно ги подмируваат сметките за вода и наплатата во оваа општина изнесува 97 отсто. Веднаш по нив следуваат карпошани со наплата на сметките од 95 отсто и жителите на општина Кисела Вода каде што наплатата изнесува 92 отсто,, пишува „СП“.
Сепак, и покрај ваквите податоци, од јавното претпријатие велат дека наплатата од година во година расте.