Грковска се сретна со Хан: „Благодарни сме за искрената и постојана поддршка од нашите европски пријатели“

 

Со средбата со Јоханес Хан, Комесар за буџет и администрација, се заокружи работната посета на Брисел на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска. 
 
„Таа го информираше за надлежностите на Кабинетот за политики за добро владеење, кој за првпат се воведе во актуелната влада, како и за реформските процеси кои ги координира.

Како докажан пријател на Северна Македонија, Хан се интересираше за актуелните случувања  околу усвојувањето на уставните измени, што е клучен чекор за продолжување на евроинтегративниот процес на земјата. 

 
Вицепремиерката Грковска истакна дека сите вклучени страни треба да придонесат за промена на наративот околу ова прашање, кое не треба да се користи за популизам и јакнење на национализмот и евроскептицизмот во земјата и регионот“, информираат преку соопштение од Кабинетот на Грковска.

Во оваа прилика, вицепремиерката Грковска упатила благодарност до еврокомесарот Хан за неговата отворена и континуирана поддршка во пристапувањето кон Европската унија, како и за обезбедувањето макрофинансиска поддршка за нашата држава, како особено важна во справувањето со ефектите од економската криза.

29.06.2023 - 17:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега