Израелските лидери: Плаќаме висока цена, нашето постоење зависи од победата во оваа војна

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека нема да дозволи присуство на каква било закана во Појасот Газа или присуство на какви било странски сили за да се осигура дека Газа ќе остане демилитаризирана, додека министерот за одбрана Јоав Галант рече дека постоењето на Израел зависи од победата во оваа војна.

Нетанјаху, за време на заедничката прес-конференција со Галант и членот на воениот кабинет Бени Ганц, истакна дека војната нема да запре додека не се постигнат наведените цели и дека нема да прифати присуство на какви било неизраелски сили за да се осигура дека Газа ќе остане демилитаризирана зона по завршувањето на борбите.

Тој изјави дека половина од лидерите на Хамас биле убиени во оваа војна.

„Им кажав на семејствата на киднапираните [затворениците] дека работиме на враќање на се и дека војната служи на таа цел“, додаде тој.

Тој рече дека „има силна разузнавачка служба, која работи 24 часа на ден за да ги врати воените и цивилните лица и дека се на вистинскиот пат“.

Нетанјаху рече дека неговата војска моментално ги разбива бригадите на Хамас и дека е елиминиран командантот на баталјонот Ал-Шуџаја, кој го предводеше нападот на 7 октомври.

„Ги опколивме лидерите на Хамас, нашите војници се борат против нив „рака до рака“ и ги елиминираат саботерите. Имаме предност и ќе се бориме до голема победа“, додаде тој.

Израел плаќа огромна и неподнослива цена, бидејќи загуби многу војници, според Нетанјаху.

Израелскиот премиер нагласи дека војната ќе продолжи се додека Хамас не биде уништен, додека не се вратат затворениците и додека не се осигура дека повеќе нема поддршка за тероризмот во Газа.

Нетанјаху им се обрати на оние кои се залагаат за крај на војната, велејќи: „Ви велам на англиски и на сите јазици: Застанете со нас. Застанете со Израел“.

06.12.2023 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега