Јакимовски: Даваме пари за колективна хигиена, за цел Карпош да добиеме двајца работници кои седат на клупа
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на социјалната мрежа Фејсбук објави повеќеминутно видео, на кое е прикажано како прави обилколка низ Карпош, со цел да ја провери ситуацијата колку работници се на терен, од тие што ја одржуваат хигиената.
„Даваме пари за колективна хигиена, а за цел Карпош да добиеме двајца работници како седат на клупа“, вели во видеото градоначалникот Јакимовски.
Лично направив кратка обиколка на главните улици во Карпош и го снимив ова видео за да се уверат граѓаните на Карпош како се потценети од страна на ЈП Комунална хигиена- Скопје иако имаат најголем процент на наплата токму од нашите 24 илјади домаќинства кои живеат на територија на Карпош.
Повторувам не бараме нашата работа да ја работи никој, но во исто време нема ние да ја работиме нивната работа, напиша Јакимовски на социјалната мрежа Фејсбук.
17.02.2022 - 13:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа