Компостирање на биоотпад со помош на инсекти
Европските истражувачи и индустрии во последните години ја вклучуваат употребата на инсектите или нивните ларви во трансформација на биотпадот или во процесот на компостирање. Со користење на инсектите во овие процеси, може да се направат различни видови на пакувања, козметика, фармацевтски производи и добиточна храна.
„Накратко, инсектите се плодни и репродуктивни, а некои од нив се и брилијантни рециклирачи на отпадот“, изјавила Стефани Баумбергер, професорка по зелена хемија на Парискиот институт за технологија за живот, храна и еколошки науки (AgroParisTech) во Франција. Таа и нејзиниот тим од проектот Zelcor ја искористиле способноста на одреден вид инсекти кои можат да го трансформираат лигнинот, дрвенестиот материјал од ѕидовите на растителните клетки. Ваквите инсекти се познати по тоа што предизвикуваат оштетување на материјалите на зградите и се главен проблем во градежната индутрија.
Лигнинот е главниот материјал кој им ја дава структурата на растенијата. Без лигнин, растението не би можело да остане исправено. Кај дрвјата, лигнинот е особено важен бидејќи дрвото и кората се состојат првенствено од лигнин: тој е крут и не се распаѓа лесно. Тој е релативно неуништлив, и затоа е предизвик како да се преработи за да се користи за производството на хемикалии со додадена вредност и одржлива енергија , особено кога се работи за производи од биоотпад.
Проф. Баумбергер изјавува дека: „Отпадот од лигнин е познат како непокорлив бидејќи тојтешкосе распаѓа. Во Био-рафинериите, производството на овие меѓупроизводи кои нема да се распаднат е значителен трошок во однос на ефикасноста на нивната работа и на јаглеродниот отпечаток кој го оставаат“. За да се справи со отпадот од рафинериите за лигнин, тимот на Zelcor дизајнирал иновативна единица за одгледување на вакви видови инсекти, запазувајќи ја сложената општествена организација на колонијата, со одржување на нивите услови за живот - оптимална температура од 27°C и влажност од 80%.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе на оваа тема, би можеле на следниот линк: https://phys.org/news/2021-10-destructive-insects-high-value-products-biowaste.html
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа