Костадинов одлучи: Струмица ја напушта ЗЕЛС
Општина Струмица ја напушта ЗЕЛС. Оваа новост ја соопшти првиот човек на градот, Костадин Костадинов доцна вчера на социјалната мрежа Фејсбук. Во објавата градоначалникот вели дека денеска ќе подготви и официјален допис за оваа одлука.
„Со огромна грижа кон народот на моја Струмица, утре ќе спремам и официјален допис, ЗЕЛС не ја заслужува партиципацијата на Струмица.
Го напуштаме ЗЕЛС, со целата одговорност, обиди за соработка, партнерски однос, доволно е.
Филозофија без прагма, штета за која ја плаќаат граѓаните!
Ова е еден од најголемите скандали во Европа за повреда на човековите права, за уставните права и слободи.
За мојата Струмица, компромиси немало, нема и нема да има!“, напиша Костадинов на ФБ.
24.10.2024 - 09:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа