Многу казни за кратко време: Скопјани - внимавајте како паркирате
ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје санкционираа 244 непрописно паркирани возила поради попречување на нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Како што инфрмираат од јавното претпријатие во периодот од 27.12. до 09.01.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле 122 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 122 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.
-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, истакнуваат од ПОЦ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа