„Цивил“ одработува туѓи црни сценарија - подгрева тензии и провоцира меѓуетнички конфликти

 

Освен во оцрнувањето на државата и нејзините институции, невладината организација „Цивил“ се обидува да ја јаде државата и одвнатре, создавајќи атмосфера на конфликти и судири.

Ова е ставот на ескпертите со кои разговараше Пресс24. Според нив, невладината Цивил, која е дирекно финансиски поврзана со фондацијата СОРОС Македонија која годишна на располагање има 5 200 000 евра, странски донации, кои ги употребува за напаѓање на актуелната влада. На чело на фондацијата е Владимир Милчин, поранешен висок финкционер на СДСМ кој преку невладини оргнизации и марионети како Цивил ја спроведува партиската политика на СДСМ.

-ЦИВИЛ голем дел од средствата на СОРОС ги распределува на медиуми кои се проопозициски настроени, со цел да се промовираат нивните јавно искажани антивладини ставови и отворено застанувајќи зад агендата на СДСМ. Оваа невладина организација беше ангажирана за секоја тема која ја лиферуваше Фондацијата СОРОС во Македонија, на чело со Милчин, коментираат експерти те.

Невладината ЦИВИЛ, очигчледно е невладина за секоја политичка тема во државата, бидејќи по изборите правеше извештаи за наводни изборни нерегуларности, ја оценуваше слободата на медиумите и уредувачката политика на медиумите, ја оценува работата на МВР, АРМ или критикува по правило активности на државни институции, но, од друга страна никогаш не излегува со осуда или критика на ставови или потези на опозициските партии. На “тапет“ на ЦИВИЛ никогаш не се нашле ниту поединци или организации поврзани со опозицискиот табор.

-Цивил, во своите квази - експертски извештаи ги подели медиумите на: одважни и достоинствени на една страна, чии новинари ги претставува како мета на секојдневни закани, притисоци, тужби и говор на омраза кој го промовираат медиумски истакнати апологети на политиките на владата, и провладини медиуми, кои според Цивил, го промовираат говорот на омраза, вулгарностите и грубиот речник, велат експертите.

Со оваа политика на работење, сметаат експертите, невладината организација Цивил се обидува да креира црно бела перцепција на општеството во кое Власта секогаш ќе биде црната страна. Свесно или не, со своите ставови Цивил создава негативна слика за Македонија, која е далеку од реалната, што во голема мера наликува на активностите на СДСМ и нивниот финансиер Владимир Милчин. 

-Освен во оцрнувањето на државата и нејзините институции, Цивил се обидува да ја јаде државата и одвнатре, создавајќи атмосфера на конфликти и судири. Невладината Цивил обвинуваше дека се организираат напади врз домот на семејството Зеќири  и тие според нив беа очигледно добро планирани и фокусирани на сеење страв меѓу населението и испраќаат порака до сите што се неистомисленици, односно до сите што не ѝ припаѓаат на групата во чие име дејствуваат напаѓачите, сметаат експертите.

„Нападот со бомби и истрели врз домот на семејството Зеќири, имајќи ги предвид околностите и контекстот, се акт на тероризам и како такви треба да се третираат од институциите“. Ова стоеше во реакцијата на Цивил, која  доведува до подгревање на меѓуетничката нетрпеливост, предизвикувајќи конфликти во мешаните етнички средини. Интересно е што токму за овие меѓуетнички конфликти, Цивил потоа ги напаѓа институциите и вината ја лоцира кај владеачките партии. ѓ

Според експертите, очигледен е ракописот на СДСМ во секое соопштение, став или извештај на невладината Цивил.

- Оваа организација заедно со медиумите кои ги пренесуваа нејзините лаги,манипулации и измисилици, Слободен печат и Плус Инфо кои исто така се финансирани од СОРОС, важеа за ударна тупанициа на опозицијата изминатите претседателски и парламентарни избори, коментираат експертите за Пресс24.

 

08.07.2014 - 13:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега