ФОТО: Жерновски се пофали дека во живо гледа фудбал во Бразил - Центар се уште без ниту еден реализиран проект

 

 

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, се пофали на својот Фејсбук профил дека ужива во Бразил, каде престојува веќе извесен период, Тој на Фејсбук се пофали дека денеска и утре ќе ги проследи двата полуфнални натпревари од Светското првенство во фудбал.

Жерновски, пишува денеска порталот Курир, отиде на одмор далеку од општината со која раководи и уште подалеку од ветувањата кои им ги даде на центарци, проектите кои ги најави и работата за која граѓаните на Центар го плаќаат.

Не е спорно што тој како граѓанин, одлучил да замине во Бразил и да ужива во најголемото случување во светот. Но, Жерновски очигледно само ужива во луксузот кој функцијата му го овозможи, а не во обврските кои таа функција ги носи со себе, пишува денеска Курир.

Инаку, билетите за полуфинален натпревар на Светското првенство чинат и до 1.500 долари, односно до 3.000 долари за двете полуфиналиња. Покрај тоа што Жерновски си го дозволил овој луксуз, тој одлучи и да им се пофали на сите, па и на граѓаните на општината во која, како што пишува Курир, за речиси година ипол не вложи пари ни колку повратен билет за Бразил.

Еве го неговиот Фејсбук статус:

„Почитуван колега, драг комшијо, ценет новопечен комито, како си?
Те поздравувам од Бразил. Веројатно знаеш, овде привршува светското првенство во фудбал. Да ги догледам вечер и утре полуфиналниве натпревари и се враќам дома. Штета, не успеав да набавам карти за финалето, но ме теши помислата дека ќе можеме да го проследиме заедно, на неутрален терен. Да кажеме, на Рузвелтова.
Сакам да ти донесам некој поклон, сувенир, па си мислев што да ти купам. Имаш некој предлог? 
Си размислувам... има тука едно зеленило, што не може ниту една секта на светот да го украде !!! Одговара?
Срдечен поздрав од Бразил, земјата на фудбалот и боса новата“.

Додека Жерновски ужива во Бразил, општина Центар остана без ниту еден поголем проект кој го вети градоначалникот. Единствено што добија центарци, потсетува Курир,  е само зграда „Папагал“ која беше мета на бројни критики, неколку тротоари и исечени дрвја.

08.07.2014 - 15:35
Фото: 
Курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега