Јакимовски официјално влегува во Владата

 

Членовите и претседателите на Општинските организации на ГРОМ од цела Македонија на синоќешната седница на Централниот одбор на партијата со акламација го усвоиле предлогот за взаемна соработка со македонската Влада.

Според информациите од ГРОМ, претседателот на партијата Стевчо Јакимовски истакнал дека Извршниот одбор на партијата веќе одлучил да се поддржи коалицијата и да учествува во Владата со еден заменик-министер како и раководители на други институции.

- Очекувано беше дека Централниот одбор ќе ја прифати препораката од Извршниот одбор на ГРОМ и од сега па натаму ќе учествуваме во работата на Владата во Република Македонија, рекол Јакимовски по седницата.

ГРОМ, стои во соопштението, треба да работи на зацврстување на локалните самоуправи, и не случајно, организациониот секретар на ГРОМ, Љупчо Пренџов бил предложен за извршување на оваа обврска.

Членовите на ГРОМ едногласно го поздравиле предлогот и ја усвоиле Предлог-одлуката за кандидатурата на заменик-министер во областа на локалната самоуправа. 

10.07.2014 - 08:48
Фото: 
НоваТв
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега