УКИМ донира 200 книги за библиотеката во Лешочкиот манастир

Двеста книги со духовна и литература со друга тематика за потребите на библиотеката што е во состав на културниот центар Кирил Пејчиновиќ при Лешочкиот манастир беа донирани денеска од ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје Велимир Стојковски.

Според ректорот Стојковски со денешната и другите донации на книги  во иднина ќе се создаде простор и за организирање летни школи, семинари и слични образовни, уметнички и други активности во рамките на  библиотеката и Центарот  во Лешок.

- Станува збор за понови изданиа на книги од нашиот Универзитет, а се договоривме со владиката Јосиф од сите понатамошни наши изданија на книги да испраќаме по неколку примероци во оваа библиотека во Лешок изјави ректорот Стојковски.

Митрополитот тетовско гостиварски Јосиф смета дека подарените книги претставуваат духовна храна за сите граѓани и оти ќе бидат од големо значење за понатамошен развој на културниот центар.

- Ова има големо и културно и духовно значење за нашата епархија. Се надевам дека ваквите акции ќе продолжат се со цел нашиот народ што повеќе да чита и да се образува а манстирот секогаш ќе биде отворен за секој оној што ќе сака да се нахрани со духовна или друг вид литература рече митрополитот тетовско гостиварски Јосиф.

Културниот центар Кирил Пејчиновиќ  во Лешок се отвори пред околу два месеци и досега повеќе институции и поединци за него имаат донирано над 2000 книги. Според Ивица Зориќ, кој беше еден од иницијаторите за основање на Центарот во Лешок, за негов поголем  развој и унапредување овој месец тие ќе аплицираат за помош и до Министерството за култура на Македонија

08.09.2014 - 15:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега