Внимвајте измама: Ми ветија заработка од 500 евра - добив само 10 денари

Нискиот животен стандард и големата невработеност ги принудуваат граѓаните да бараат работа на сите можни начини. Еден од најчестите и за жал погрешни се работите на Интернет кои нудат брза и лесна заработувачка за само еден месец работа.

Како што тврдат светските интернет експерти, работа на Интернет има, но лесна заработувачка нема, туку потребни се знаење и искуство за да се оствари профит, пишуваат „Дневне новине“.

Студентот, Милош Вранеш е едн од излажените жртви затоа што наместо ветените 500 евра за еден месец заработил само 20 центи (нешто повеќе од 10 денари).

- Линкот за регистрација го најдов на Фејсбук. Не ми бараа дополнителни пари, бесплатно се регистрирав и на мејл добив шифра. Описот на работата беше гледање и оценување на рекламите и кратките видео снимки. Отприлика поминував три часа дневно на таа виртуална работа и наместо, 200, 300 или 500 евра јас заработив 20 центи. Тие реклами мизерно се плаќаат и сето тоа е, можам од лично искуство да речам, шарена лага, објасни тој.

Најпознатата измама е т.н. „Pay for Click“, односно сајт на кој наводно со кликање се заработува. 

12.09.2014 - 22:38


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега