Центар ќе добие нова современа градинка

Децата од општина Центар ќе добијат нова современа  градинка. На местото на старата градинка „Кочо Рацин“, почнува да се гради нова, на 2.677 метри квадратни бруто или 2.155 метри квадратни нето површина. Капацитетот ќе биде до 180 деца, соопшти општина Центар.

Ова е прва градинка која се гради во Центар  по цели 40 години. Општина Центар  во 1974 година ја изгради последната градинка  „Раде Јовчевски Корчагин“. 

- Градинката „Кочо Рацин“, изградена во 1964 година,   беше руинирана и сите овие години не беше санирана. Ѕидовите беа од азбестни, радиоактивни плочи, исклучително штетни за децата. Градинката ќе биде енергетски ефикасна и ќе се гради од високо квалитетен, современ  материјал и со звучна заштита и заштита од пожар, информира општината.

Кујната и храната ќе бидат според ХАСАП стандардите и ќе има капацитет за 500 оброци, со што ќе се снабдуваат и 3-те клона на градинката.

Дворот на градинката ќе биде хортикултурно уреден, а ќе биде набавена и нова опрема за занималните.

Новата градинка, која ја гради „Гранит“, ќе чини 112 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на општината.

Се очекува градинката да биде готова наредното лето. 

04.10.2014 - 14:31

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега