Какво време ќе имаме утре?

Времето утре во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат повеќе застапени во јужните и западните делови. Во северниот дел од земјава ќе има подолги сончеви периоди, а врнежи во овие денови се очекуваат во попладневните часови. Ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 13 до 19 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне, особено во вечерните часови ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.

Во понеделник и вторник ќе преовладува претежно облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а повеќе врнежи се очекуваат претпладне. Потоа следува период на стабилно и суво време.

04.10.2014 - 15:10

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега