Кои делови од Скопје утре ќе бидат без струја?

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЕВН Македонија АД, соопшти дека заради технички зафати во електро-системот утре  од 08:30 до 10 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од  ул. „Тодор Чангов“ во населба Лисиче (општина  Аеродром), а од 08:30 до 14:30 часот корисниците од  улиците „511“, „512“, „513“, „519“ и дел од ул. „Перо Наков“ во нас. Керамидница. (општина Гази Баба).

Без електрична енергија утре од 9 до 14 часот ќе останат корисниците од  ул.„Струшка“ и ул.„Мокра“ (општина  Карпош, од 9 до 15 часот корисниците од  дел од с. Грчец. (општина Сарај), а од 10 до 14 часот, корисниците од  ул. „Киро Фетак“ во нас. Драчево (општина Кисела Вода).

06.10.2014 - 14:54
Фото: 
лидер


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега