Проверете дали утре ќе останете без струја

Без струја утре од 12 до 15 часот и 30 минути ќе останат дел од корисниците од улиците „Тиранска“ и „Шарпланинска“ во општина Ѓорче Петров.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 9 до 15 часот ќе останат корисниците од улиците  „Илинден“ од броевите 94 до 104 во општина Карпош, „Јадранска“, „Арсение Јовков“, „4-ти Јули“, „Мечкин Камен“, дел од улицата Ѓорче Петров како и улиците 1, 2, 3, 4, и 5 во село Грчец. Утре од 9 до 13 часот без струја ќе останат и корисниците од улицата „Романска“ во општина Гази Баба, од 8 часот и 30 минути до 14 часот и 30 минути корисниците од улиците 511, 512, 513, 519, улицата „Перо Наков“ и населба „Ќерамидница“ од општина Гази Баба, од 8 до 12 часот корисниците од улица број 1 во село Горно Соње и од 11 до 14 часот корисниците од улицата „Димитар Благоев“. 

07.10.2014 - 16:01
Фото: 
либертас


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега