Невработените лице в лице со работодавачите - Саемот за вработување во Тетово
Во среда, караванот на Саеми за Вработување во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија и официјално ќе заврши со последниот саем во низата кој ќе се оддржи во градот Тетово.
За учество на истиот се пријавени компании од разновидни сектори како производство, банкарски услуги, осигурителни компании и други. Ова е одлична и последна можност за граѓаните да добијат шанса и да ја пронајдат својата следна работна позиција која ќе го збогати нивното работно искуство и кариера, без разлика дали се работи за моментално невработени лица или веќе вработени лица кои се во потрага по подобро работно место од сегашното.
Освен компаниите учеснички, кои во склоп на овој настан освен со учество ќе се претстават и со свои излагања и презентации, на саемот истотака ќе бидат присутни и директорот на Агенцијата за Вработување на Република Македонија Влатко Поповски, раководителот на АВРМ Тетово Томислав Трифуноски, градоначалничката на Тетово Теута Арифи, директорот на Стопанска Комора на северо-западна Македонија Мендерес Кучи, како и претставници на Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP).
Последниот саем за вработување од караванот ќе се оддржи во среда (21.01), од 10:00 до 15:00 часот, во домот на култура „Иљо Антески Смок” во Тетово.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа