Прехранбени производи од Македонија во кинеските маркети

 

Голема e можноста македонската здрава храна - млеко, сирење, кашкавал, сладолед и друго да се најдат во кинеските маркети, истакна Динг Хаибин, заменик генерален секретар на општинската Народна влада во кинескиот град Нингбо при неодамнешната средба со стопанствениците од Битола.

На средбата, на која домаќин беше градоначалникот на општина Битола, Владимир Талевски, присуствуваа и претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски, како и претставници од локалната бизнис-заедница, ЗК  „Пелагонија“, „Млекара Битола“ и „Цермат“, како и директорот на индустриската зона „Жабени„. На средбата  се разговараше за стопанската соработка меѓу двата збратимени града.

Динг Хаибин ја истакна определбата на НР Кина за подлабока економска соработка со земјите на централна и југоисточна Европа и дека оваа средба е дел од заложбите на неговата влада за продолжување на започнатиот дијалог со 16 земји од Европа, меѓу кои е и Република Македонија.

Уште поголем поттик е и фактот што Битола и Нингбо се збратимени градови и со тоа можноста за соработка е уште поголема. Тој ја искористи приликата да го покани битолскиот градоначалник и претседателот на регионалната комора, заедно со битолските стопанственици да ја остварат планираната посета на  меѓународен бизнис форум и саем во Нингбо кој ќе се одржи во јуни 2015 година, пренесе еМагазин.

Средбата во Битола беше договорено за време на гостувањето на битолските стопанственици во Кина да биде потпишан договор за директна соработка на  Регионалната комора со седиште во Битола и комората во Нингбо,  додека пак се очекува збратимените градови да потпишат договор за соработка во областа на културата, образованието и туризмот.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 10:19
Фото: 
мрт

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега