ВИДЕО: Југославија каква што ја сакавме и се уште ја посакуваме!

На интеренет порталот "Клуб на светските патници" објавена е до сега невидена видео снимка од белградските улици која е направена пред 53 години, а нејзината посебна убавина е тоа што е во боја.

Инаку, ТВ програмата во боја во Југославија започнала да се емитува дури 10 години подоцна, во 1971 година.   Како што е наведено, овој прилог е совршена разгледница од Белград од 1961 година, а го снимил непознат американски турист со 16 милиметарски "Kodachrome" филм. Во тоа време Белград бил популарна дестинација за патниците од западот затоа што Југославија за нив претставувала ничија земја на работ на Железната завеса.    

На снимката може да се види некогашниот изглед на југословенската престолнина, Теразије, Калемегдан, како и реонот околу железничката станица.  Особено внимание привлекува стилот на облекување жителите како и продавниците на градските улици. 

 

 

Оцени ја веста

05.02.2015 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега