Хеморагичната треска однесе уште еден живот во Косово
Од хеморагичната треска починало 40-годишно лице од село Крељане, Општина Ѓаковица, со што бројот на починати од оваа болест од почетокот на годината се зголемил на пет.
Ова денеска го изјави началникот на одделението на Инфективната клиника на Клиничко болничкиот центар Косово, Саља Ахмети.
Засега на Клиниката има 12 пациенти од различни региони во Косово. Од нив двајца се во потешка здравствена состојба.
- Имаме пациенти од 9 до 75 години од различни делови на Косово, посочи Ахмети.
ФОТО: Сител