ВМРО-ДПМНЕ го повтори ставот за правна разрешница за случајот „Пуч"
ВМРО-ДПМНЕ денеска изјавија дека е смешна внатрепатриска дискусија во СДСМ за наводна амнестија.
- Несреќно ја пласираа мислејќи на нивниот лидер за потоа некој неупатени да ја рашират дека се мисли на сите е само доказ за стравот и хаотичноста кои што владеат во СДСМ. За да им ги скратиме маките во дискуцијата и да ги смириме духовите во СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го повторува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кои СДСМ и деструктивните соросоиди побрзо би сакале да го заборават, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека за целиот овој случај ќе има правна и политичка завршница.
- Очигледно зборовите правна завршница во СДСМ не сакаат да ги видат. Ние оваа вештачки креирана тема ја гледаме низ призма на внатрепартиски проблеми и местенки во СДСМ, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа