Заев со новa операција за личен спас - најавува крв и насилство
Лидерот на СДСМ Зоран Заев најавува дека ќе паднело крв и започнува со директни закани откако неговите таканаречени бомби не го постигнаа ефектот кој тој го посакуваше. Мрачното сценарио на Заев не помина кај граѓаните кои на опозицискиот лидер му покажаа дека не наседнуваат на манипулациите кои тој ги изнесува.
Заев најавува дека е многу можно да падне крв, како и дека имал притисоци тоа да се случи. Ваквата изјава е и закана за сите граѓани кои не го делат мислењето на Заев и не го поддржуваат она што СДСМ го прави.
-Не може Заев кој се бори за слобода и демократија да сака да падне крв па макар и од прстот, но гледам дека тоа може да се случи заради тоа што гневот расте. Притисокот кон опозицијата да го предводи тоа е огромен, вели Заев.
Сè поочигледно станува дека ваквото однесување на Заев е резултат на немањето поддршка од граѓаните кои не се согласни со нерационалните негови постапки. Граѓаните не само што не го поддржуваат, туку и масовно му се спротивставуваат кон неговото антидржавно однесување и се ставија во одбрана на својата земја. Досега 9.500 граѓани на неколкуте потпишувања јасно му кажаа на Заев дека не го поддржуваат неговото однесување и се потпишаа на иницијативата тој да одговара за велепредавство.
Заев прибегнува кон најава на насилно сценарио во кое очигледно гледа спас притоа неводејќи сметка за тоа дека жртва од такво нешто би биле недолжни граѓани.
Инаку во вчерашниот настап на Заев преовладуваа моменти со закани дека ќе се случи насилство.
-Не може овој гнев кај граѓаните да се контролира. Не може тоа да се контролира како вода од дланките бега, додава лидерот на СДСМ.
Уште на почетокот од откривањето на аферата Пуч, најавите беа дека токму ова може да биде и очигледниот расплет. За ваков расплет говореа и голем број на аналитичари.
Токму создавањето на криза и рушење на системот е и целта на сценариото на Заев. За ова говореше и премиерот Никола Груевски.
-Со делата и постапките се прави сериозна штета за државата, се работи за креирано сценарио на кое сите вие сте сведоци од самиот негов почеток, во кое на крај цела држава требаше да биде заложник. Ова е голема штета што и се прави на државата по нејзиниот углед и имиџ. Вистинска штета е што овој човек посегна по ваков подмолен начин наместо со работа, идеи, визија и програма, истакна Груевски на почетокот на случајот „Пуч“.
Во исто време пак, покрај Заев ваков расплет најавува и влијателниот опозициски новинар Зоран Димитровски кој веќе во новиот број на Фокус во насока на подготовка на јавноста разработува сценарио за можна ескалација на собир кој неформално и беше најавен на 9 мај каде се споменуваат и вооружени групи од опозицијата кои би можеле да дејствуваат.
Таквата атмосфера за можно насилство ја гради и Бранко Геровски кој во своја колумна заговараше доаѓање на СДСМ на власт без избори со бунт.
-Јас сум убеден дека ако Груевски одлучи да свика избори што самиот ќе ги организира и ако за тоа ја добие поддршката од ДУИ, опозицијата ќе одговори одлучно и громко – бојкот, улица, отпор и бунт, напиша Геровски во својата колумна.
Насилно сценарио и враќање на 2001 споменуваше и Стево Пендаровски во негов телевизиски настап на „Алсат-м“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа