Срушени главните тези на Заев - лидерот на СДСМ сам се демантира

 

Многубројните и големите лаги кои лидерот на СДСМ Зоран Заев јавно ги кажа се една од главните причини за немањето поддршка и посакуваниот успех за мрачното сценарио кое го спроведува. Изјавите кои Заев ги дава, а потоа самиот или партијата ги демантира се потврда дека првиот човек на СДСМ со лаги и манипулации сака да и нанесе штета на Македонија.

За експерите и познававачите на политичката состојба крахот на сценариото на Заев и СДСМ е очекуван бидејќи  кога истото ќе се заснова на невистина, како што тоа го прави Заев, освен неуспех, шти и му се случи,  ништо друго не може да се очекува.

Лидерот на СДСМ досега неколку пати самиот се демантираше, потврдувајќи дека лагите се неговото „оружје“. Така, Заев најпрво говореше дека не се познава со разузнавачот Зоран Верушевски, за подоцна да потврди дека се познаваат и се блиски соработници. Истото се случуваше и за останатите членови на агентурната мрежа која ја предводат тој и Верушевски. Заев велеше дека е богат, па потоа сиромашен, а последна во низата многубројни лаги е онаа за бројката на лица на кои им биле прислушувани разговорите.

„Република“ пишува дека во обид неприметно да ретерира од лагата која ја ширеше уште од првиот ден на аферата дека власта масовно прислушувала повеќе од 20.000 граѓани, (а некогаш бројката варираше до 26.000 граѓани), Заев преку медиумите кои се под негова контрола сега пласира информација дека всушност кај себе поседувал материјали за 4.000 прислушувани броеви, односно дека не станува збор за бројка од 20.000 како што претходно самиот тврдеше.

„Според информациите на Фокус биле следени помалку од 4.000 телефонски броеви. Со оглед дека станува збор за значајни личности проценките се дека секој од нив имал најмалку по 10 до 20 контакти со кој зборувал секојдневно. Така бројката на прислушувани стигнува до 50.000 граѓани, чии гласови редовно биле во системот на УБК. Очигледно е дека Заев на почетокот немал целосен увид во материјалите , што е логично, па ја презентираше бројката од 20-тина илјади која е практично помала од вистинската бројка на прислушувани лица„- пишува „Фокус“. 

И покрај обидот на Фокус, да го „испере“ Заев јавноста досега можеше да слушне дека не станува збор ниту за 4.000 лица, туку само за десетина лица од државниот врв кои биле цел на прислушувањето на агентурната мрежа.

Дека Заев е фатен по кој знае кој пат во лага, пишува и уредникот на Дневник, Дарко Јаневски кој побива уште две тези, кои за лидерот на СДСМ беа носечките први најавите за објавувањето на таканаречените бомби.

-Инаку, да потсетиме, еве, по којзнае кој пат: целата оваа гужва што сега СДСМ ја прави, почна со тврдењето дека ланските избори се фалсификувани. И дека СДСМ има докази за 150.000 фалсификувани гласа. Или беа 200.000? Што бидна со тоа? Каде исчезнаа 200 илјади украдени гласа? И уште едно потсетување: аферата беше отворена со зборовите дека Никола Груевски и Сашо Мијалков ги прислушувале сите во оваа држава, освен себе. Што бидна и со тоа тврдење. На сето ова ВМРО-ДПМНЕ има одговор: митинг во Прилеп, пишува Јаневски во својата колумна.

На Заев му се срушија тезите со кои обвинуваше за изборен фалсификат во 2014 на 150.000 гласа, како и тезата дека сите биле прислушувани од премиерот Никола Груевски и директорот на УБК, Сашо Мијалков, односно дека имало разговори од сите, само не од нив двајца. Јавноста можеше да се увери дека токму Груевски и Мијалков се едни од најприслушуваните, со што падна во вода и оваа „помпезно“ најавувана теза на Заев.

Главните тези на Заев се покажаа како манипулација што е една од причините за рушењето на неговото мрачно сценарио за државата. 

 

 

Оцени ја веста

20.04.2015 - 15:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега