Во Хрватска се слави Денот на државноста
Денеска хрватските граѓани го слават Денот на државноста. Имено пред точно 22 години Хрватското собрание ја започна постапката за одделување на Хрватска од другите републики во склоп на Југославија. Ваквата одлука беше донесена откако претходно успешно помина референдумот на граѓаните на кој дури 92,18% се произнесоа дека не сакаат Хрватска да остане во склоп на Југославија. Војлата на граѓаните како и неуспешноста во преговорите со останатите земји поранешни членки на Југославија придонесе да Собранието на Хрватска на 25 јуни 1991 година ја донесе одлуката за осамостојување на државата. Истиот ден на истата седница беше донесена и Декларација за прогласување на суверена и самостојна Република Хрватска.