Граѓаните ја казнија деструктивната политика на СДСМ - фијаско на референдумот на Жерновски
И покрај тоа што референдумот за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ кој го организираа СДСМ и Андреј Жерновски немаше правна базираност затоа што ГТЦ не припаѓа само на граѓаните на општина Центар, туку на граѓаните на Град Скопје, сепак референдумот не успеа.
Излезноста на граѓаните е околу 40%, што го прави референдумот неуспешен. Мнозинството граѓани не го поддржа ставот на Жерновски и СДСМ.
СДСМ и Жерновски доживеаа тежок пораз и покрај жестоките притисоци кон центарци, заканите, насилството кое го применуваа, и покрај огромните пари за финансирање од соросовата фондација на нивните новинари, медиуми и невладини организации.
Граѓаните ја казнија деструктивната политика на Заев, Жерновски, Милчин, Шекеринска и тесниот круг на луѓе околу нив.
ВМРО-ДПМНЕ не ги повика граѓаните ниту да излезат на референдумот, ниту да не излезат, ниту пак сугерираше дали да се гласа за или против референдумското прашање и учествуваше на истиот административно согласно законот. Остави граѓаните сами да ја донесат одлуката.
Граѓаните решија, опозицијата доживеа вистински дебакл. И покрај силењето на опозицијата предводена од СДСМ, ЛДП и СОРОС, доживеа 11-ти пораз во низа.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа