Бугарските пратеници затворени во Парламентот - стотици демонстранти бараат оставка од Владата

 

Зградата на бугарскиот парламент денеска беше опколена од стотици демонстранти кои што бараа оставка од владиниот кабинет. Ваквиот протест се создаде како резултат на повикот преку социјалните мрежи „Испијте филџан кафе пред Народното собрание“. Демонстрантите се собраа пред службениот влез а подоцна ја опколија зграда на парламентот поради незадоволството кон пратениците кои требаше да гласаат за структурните и персоналните промени во Кабинетот меѓу кои и именувањето на Даниел Бобев за втор потпретседател на Владата за стопанските сектот и странски инвестиции. 

Додека се обидуваше да ги смири потпретседателката на парламентот Маја Манолово беше нападната со јајца и домати. Демонстрантите спречија пратениците да ја напуштат зградата и покрај тоа што им било пренесено дека седницата е откажана и ќе се одржи утре.  

Околу 10.000 луѓе речиси секојдневно протестираат од 14 јуни по контроверзното именување на медиумски магнат за шеф на бугарската безбедносна агенција.

најчитано сега