Бундестаг одобри преговори со Србија во јануари

 

На утрешниот состанок на Европскиот совет ќе се гласа за почеток на преговорите на Србија со ЕУ но со еден услов пристапната конференција да се одржи во јануари 2014 година. Ова денеска го одлучи Германскиот Бундестаг кој и даде согласност на Германската Влада да може да гласа на утрешниот состанок. 

Сепак ова треба да биде проследено и со потврда на Европскиот совет за целосно и трајно спроведување на обврските од планот за имплементација кој Србија и Косово го потпишаа на 26 мај. 

Во обврските меѓу останатите, се и целосно распуштање на српските паралелни структури на север во Косово. 

најчитано сега