ЕУ денеска ќе ја крои судбината на Србија
Денеска во Брисел сите шефоци на држави и влади на Европската унија ќе донесат конечна одлука за почетокот на пристапните преговоди со Србија. На овој Самит ќе се разговара за датумот врз основа на препораките кои што пред два дена во Лукесмбург беа усвоени од страна на министерскиот совет односно шефовите на дипломатии на земјите од ЕУ.
Беше договорено Србија да добие пристап за преговори најкасно до јануари наредната година.
Германија инсистира Советот на ЕУ во декември оваа година уште еднаш да ја потврди таа одлука откако ќе се увери дека договорот за нормализација на односите Белград-Приштина во целост се спроведува.
Иако мнозинство други членки бараа преговорите да почнат порано без дополнителна потврда од Советот, механизмот на одлучување бара консензус така што е речиси извесно дека преговорите нема да почнат пред јанаури, јави Танјуг.