Грците оптимисти, Европејците не гледаат договор за Грција

Последниот спринт на преговорите за Грција деновиве е во тек, во рамките на т.н. Бриселска група. Дебатите продолжија и вчера и се очекува да траат додека да биде постигнато усогласување во позиците на двете страни следната недела.

Високи европски претставници кои всушност се запознати со преговрите, се песимисти и велат дека „се уште е далеку од договор“, затоа што има многу проблеми, иако грчката страна продолжува да претставува особено позитивни прогнози и оценки за економијата во земјата, со кои институциите не се согласуваат.

Изгледа истиот песимизам го обзел и германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, кој повторно рече дека не може да се исклучи веројатноста од банкрот на Грција.

- Она што го знаеме за текот на преговорите не оди во прилог на оптизмизмот кој доаѓа од соопштенијата од Атина, рече Шојбле најавувајќи еден „многу колеблив“ напредок во преговорите.

Европски претставник, кој е во тек со преговорите, тврди дека „единствената точка по која има голем напредок е враќањето на претходните реформи“, како што се оние во образованието, и се фокусира на примерот со мерката за враќање на „вечните“ студенти на грчките универзитети.

До вчера бриселската група не ги доби сите грчки предлози, а истовремено првата расправа се состои од прашањето за ДДВ-то, како и за буџетите и финансиските прашања.

Повикувајќи се на извор од Еврогрупата, германскиот весник „Зидојче цајтунг“ прогнозира дека тековната програма за спас на Грција ќе биде продолжена до есен. Грчкото Министерство за финансии ја негираше таа информација. Весникот тврди дека дел од последната транша може да биде деблокиран и дека тие пари - околу четири милијади евра - ќе бидат услов за грчката Влада да преземе ангажман да воведе посебни договорени мерки кои се вклучени во таа програма.

Европскиот претставник рече дека ако нема дотовор со институциите по сите прашања, не би можело да бидат префрлени какви било пари за Грција. И дека додека не биде отворено прашањето за продолжување на рокот на програмата на некакво ниво, таа не може да биде одложена. Покрај тоа, за тоа е потребно време за да може Грција да договори следен нов договор со кредиторите, а таков засега не се гледа до крајот на јуни, кога истекува сегашната програма за спас.

Врз основа на тоа, економската комисија во Европарламентот испрати покана до премиерот Алексис Ципрас за учество во дискусијата во однос на последните случувања во Грција. Координаторите на комисијата предлагаат како прв чекор да бидат поканети заинтерсираните страни во грчката криза, а во таа смисла и Ципрас, за дебата во Европарламенот.

Раководителите на парламентарните групи во Европарламентот реагираа позитиво на таа иницијатива и испратија писмо до претседателот на Комисијата Жан Клод Јункер, до претседателот на ЕЦБ, Марио Драги и до раководителот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, како и до премиерот Алексис Ципрас, на кои ги канат на дебата „зад затворени врати“ за Грција на 28 мај.

Присуството на европски претставници не е задолжително. Секој од нив ќе реши дали да учествува на таа дебата. Но, претседателот на Комисијата, според неговиот портпарол, најави дека на тој датум ќе биде во Јапонија и дека заради тоа нема да може да учествува.

Не е исклучено една таква средба да биде преместена за друг датум, ако и другите европски претставници нема да можат да присуствуваат на неа.

 

 

Оцени ја веста

28.05.2015 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега