Страшна трагедија: Двајца Албанци убиле Италијанец поради Македонка

 

Албанецот Иљи Мета, со помош на својот пријател Марја Меме, го заклале седумнаесетгодишниот Италијанец Исмаил Лули, најверојатно поради љубомора, во Италија.

Како што пишува српскиот медиум Blic.rs, девојката на 20-годишниот Иљи, 19-годишната Амбера Салиџи од Македонија се гледала со Исмаел, а тоа било повод за страшниот злочин.

На телефонот на Амбера стигнала порака од жртвата во која пишувало: „Дојди, сакам да те видам“. По пораката, Лули отишол да се најде со Амбера на автобускта станица каде прв пат се запознале, а таму налетале две млади момчиња од Албанија. Мета и Меме, го повикале Лули со нив, па го одвеле во шумата.

Застанувајќи блиску до црква, Лули добил удар во главата, по што се онесвестил, па Мета го врзал со леплива трака за металниот крст, а со истата трака му ја затворил и устата.

Младите Албанци, на Лули со нож му го пресекле грлото.

Полицијата подоцна го пронашла ножот, како и телефонот на Лули, преку кој пратил пораки со иста содржина до неговата мајка и до девојката: „Не ме барајте, го менувам животот, одам во Милано“. Целта била да се забави потрагата за Лули.

И после се, Амбера тврди дека и понатаму го сака убиецот и дека ќе го чека.

„Уморна сум од криење. Ако можете, јавите му се на мојот Иљи и кажете му дека ќе го чекам цел живот и ќе го сакам засекогаш“, изјавила Амбер за италијанските медиуми и додаде дека таа со Лули немала ништо.

Мета ја презел цела одговорност за злочинот и навел дека Меме само му помагал при врзување на жртвата.

 

 

 

Оцени ја веста

29.07.2015 - 15:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега